Хроника Турнати две статуи на народни херои во Маврови Анови

Турнати две статуи на народни херои во Маврови Анови

Засега непознати лица турнале и ничкосале две статуи на народни херои од Втората светска војна во Маврови Анови, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Случајот вчера го пријавил 74-годишен маж во Полициското одделение Маврово. Турнати биле статуите на народните херои Чеде Филипоски и Злате Малакоски.

Полицијата вели дека се врши истрага.