Македонија „Црвен тепих за граѓаните“ во Владата

„Црвен тепих за граѓаните“ во Владата

Граѓаните денеска имаа можност да ја посетат Владата на Република Македонија, да прошетаат низ објектот и во работните сали и да видат како работат институциите, во рамки на манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“.

– Манифестацијата „Црвен тепих за граѓаните“ е дел од проектите што ги реализира Владата за да се овозможи отвореност и транспарентност на работата на институциите и непосреден увид на граѓаните во она што го работат институциите. Се овозможува граѓаните да бидат во институциите затоа што тие се избирани од граѓаните и, во крајна истанца, им припаѓаат ним – изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.