Македонија ЦИВИЛ: Да се казнат оние кои употребуваат говор на омраза

ЦИВИЛ: Да се казнат оние кои употребуваат говор на омраза

Најостро го осудуваме екстремниот говор на омраза со кој се користи трагедијата на загинатите и повредените за да манифестираат невидена суровост и нечовечност, велат од ЦИВИЛ – Центар за Слобода.

„Ги повикуваме релевантните институции да преземат итни мерки и соодветно да ги казнат лицата што безмилосно и бесрамно ја користат оваа трагедија, за искажување на своите ниски, фашистички и нечовечки мисли и пораки, со што ја навредуваат човечноста на целата нација. Сметаме дека говорот на омразата што се појави по овој трагичен настан е уште една манифестација на ужасно ниска свест и политичка култура. Тоа е последица, во прв ред, на неказнивоста што ја уживаат индивидуи и организирани екстремисти токму од институциите. Познато е дека патеката меѓу говорот на омразата и делата од омраза е кратка“, велат од таму.

Од ЦИВИЛ бараат од институциите да стават крај на неказнивоста за говорот на омразата.