Економија Цената на индустриските производи пониска за 4,7 процени на годишно ниво

Цената на индустриските производи пониска за 4,7 процени на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи во август, на домашниот пазар се повисоки за 0,3 проценти на месечно ниво, односно пониски за 4,7 проценти на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Во август годинава, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти, енергија за 0,5 проценти и капитални производи за 0,2 проценти, додека во групата трајни производи за широка потрошувачка се останати на исто ниво.

Во август 2015 година, во споредба со август 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 11,1 отсто, интермедијарни производи освен енергија за 1,2 отсто и во групата нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,7 проценти.