Свет Европа Цела Европа со поддршка за „Шарли ебдо“

Цела Европа со поддршка за „Шарли ебдо“

Со транспаренти „Јас сум Шарли“, „Ја убивте слободата на печатот“, „Пенкалото е најмирољубивото оружје“…, стотици илјади граѓани застанаа зад слободата на печатот, демократијата и против насилството, радикализмот и тероризмот.

Beчерва цела Европа излезе на плоштадите на големите градови да го осуди терористичкиот напад во редакцијата на францускиот весник „Шарли ебдо“, во кој загинаа 12 луѓе.

Масовни собири имаше во Лозана (Швајцарија), пред Европскиот парламент во Брисел, на Трафалгар сквер во центарот на Лондон, пред француската амбасада во Мадрид, во Прага, Варшава…

На Трафалгар сквер лондончани ја пееја француската национална химна, „Марсељеза“, како поддршка на Французите.