Економија Неделата на ЦЕФТА отворена во „Холидеј ин“

Неделата на ЦЕФТА отворена во „Холидеј ин“

Беким Незири, министер за економија

Денеска, во 9.30 часот, во хотел „Холидеј ин“, министерот за економија Беким Незири ја отвори неделата на ЦЕФТА 2014, која ќе почне со повеќе работни сесии, дискусии и со размена на искуства од примената на договорот ЦЕФТА, за подобрување на севкупната економска соработка во регионот.

Програмата на неделата на ЦЕФТА е фокусирана на клучните приоритети на претседателството на Република Македонија со ЦЕФТА во 2014 година, прилагодени да ги опфатат четирите димензии на столбот за „Интегриран раст“ од Стратегијата на ЈИЕ 2020, со што се воспоставува врската помеѓу приоритетите на ЦЕФТА и приоритетите на ЈИЕ 2020.