Дописници Царовска: Во 21 век работниците повторно ги враќаат своите права

Царовска: Во 21 век работниците повторно ги враќаат своите права

Граѓаните во најголем дел имаат проблем да најдат работа. Но, и тие што имаат работа, се соочуваат со исклучително тешки услови за работа. Особено на удар во Штип се текстилните работнички, кои се максимално експлоатирани и работат прекувремено за многу ниски плати.

Ова денеска беше истакнато на трибината организирана од форумот на жени на општинската организација на СДСМ од Штип, на која се разговараше за загрозените работнички права на работниците, нарушените услови за работа, недостигот од заштита на здравјето на работниците при работа, ниските плати, прекувремената работа.

Претседателката на комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мила Царовска, рече дека во 21 век работниците се повторно исправени пред предизвикот за одбрана и за враќање на работничките права.

На трибината, исто така, се разговараше и за можните решенија и начини за надминување на кризата со правата на работниците, при што се посочија начини и можности за наоѓање решенија за вработување невработени граѓани, регулирање на статусот на тие што останале без работа, решавање на проблемот на стечајните работници, наоѓање начини за флексибилно пензионирање.