Економија Царинската управа лани наплатила 109 милиони евра

Царинската управа лани наплатила 109 милиони евра

Царинската управа на Македонија минатата година наплатила 67.233.72.000 денари (109.323.122 евра), што е за 6,6 проценти повеќе во однос на 2014 година, а за 1,8 отсто повеќе во однос на планираното.

Ова денеска го кажа директорката на управата, Наташа Радеска-Крстевска, на одбележувањето на 24-годишнината од основањето на Царината како самостоен државен орган.

Таа истакна дека е зголемена наплатата на акцизите за 15,4 проценти, на данок на додадена вредност при увоз за 2,7 проценти и на царината за 2,6 проценти, а намалена е наплатата за надоместоците за 1,1 процент.

Преку македонските гранични премини лани поминале 19 милиони патници, а транзитирале и 881.000 товарни моторни возила, најголем дел на премините со Грција. Притоа, најфреквентен бил граничниот премин Богородица, низ кој поминале повеќе од 270.000 возила, а по него следуваат Табановце и Блаце.