Свет Балкан Тројца загинати во Истанбул – автобус удрил во постојка

Тројца загинати во Истанбул – автобус удрил во постојка

Три лица ги загубиле животите во несреќа во истанбулската населба Ускудар утрово, кога автобус од градскиот превоз удрил во луѓе што чекале на постојката.

Автобусот претходно се судрил со друг автобус, па влетал во луѓето што чекале на постојката на улицата Д-р Ејуп Аксој, јави турскиот весник „Сабах“.

Има голем број повредени кои се пренесени во блиските болници.