Хроника Тројца осомничени за серија тешки кражби во Гостиварско

Тројца осомничени за серија тешки кражби во Гостиварско

Двајца гостиварци и жител на селото Врбјане се осомничени дека изминатите два месеци извршиле седум тешки гражби на подрачјето на Гостивар, информираат од полицијата.

Станува збор за гостиварците Ј.Р. (38) и В.Ј. (46) и за Р.Б. (22) од Врбјане, кои во саботата биле приведени во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Според полицијата, тие се осомничени дека насилно провалувале во куќи и најчесто краделе техничка стока, како телевизори, компјутерски куќишта, музички системи, која потоа ја продавале во Гостивар и во Тетово.

Од полицијата додаваат дека дел од украдената стока е пронајдена и ќе им биде вратена на сопствениците.