Свет Триполи: ИД држи заложници во хотел

Триполи: ИД држи заложници во хотел

Автромобил-бомба денеска експлодира пред луксузен хотел во Триполи, а вооружените напаѓачи упаднале во зградата, почнале да пукаат и зеле заложници откако убиле тројца припадници на хотелското обезбедување.

Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј, изјави дека пет маскирани напаѓачи упаднале во хотелот, стрелајќи во воздух и оти најверојатно станува збор за џихадисти, приврзаници на Исламска држава.

Хотелот е евакуиран пред напаѓачите во панцири да се судрат со обезбедувањето и да ја активираат автомобил-бомбата на паркиралиштето пред хотелот. Наводно, еден од напаѓачите веќе е уапсен.