Хроника Триесет дена притвор за малолетници кои краделе од возила

Триесет дена притвор за малолетници кои краделе од возила

Две малолетни лица од Скопје, М.Р. (15) и Е.Р. (16), добија притвор од 30 дена поради основано сомневање дека сториле вкупно 22  тешки кражби, обиди за тешки кражби и обиди за кражба.

Кривичните дела пријавените ги извршиле во периодот од 20 до 24 минатиот месец, во доцните вечерни часови на подрачјето на скопската општина Центар и тоа: 13 – на улицата 50. Дивизија, три дела на улиицата Отон Жупанчиќ и по две дела на улиците Јордан Мијалков, Коле Неделковски и 8. Ударна бригада.

Во 13 случаи пријавените кривичните дела ги извршиле на тој начин што откако со употреба на штрафцигер и физичка сила ја отворале вратата, слегувале во подземната гаража каде ги обивале паркираните возила. Првопријавениот го кршел стаклото, правел отвор по целата површина и со протнување влегувал во возилото каде извршувал само пребарување и претурање. Од непознати причини се откажувал од намерата и не одземал ништо. Потоа, без да бидат забележани, двајцата го напуштале местото и се упатувале кон соседната зграда.

Во девет случаи, извршени на ист начин, од осум возила одземале пари, цедеа, рачни ножеви, навигациски уред и други ситни предмети, со што стекнале противправна имотна корист во висина од 21,200 денари.

На 24 ноември, во полициската станица Центар е извршен службен разговор со пријавените, во кој истите го појасниле начинот, местото и времето на извршување на кривичните дела, а со потврда за привремено одземени предмети од М.Р. одземен е штрафцигерот со кој ги извршувал наведените кривични дела, еден ранец во кој ги носел украдените предмети, како и еден навигационен уред кој е вратен на сопственикот.

Во текот на минатата година, против М.Р. се поднесени две кривични пријави кои се однесуваат на кривични дела од областа имотните деликти (тешки кражби).