Ctrl - Z Третото издание на Маалски Фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Третото издание на Маалски Фестивал под мотото „Културата како јавно добро“

Фестивалот на 27 септември ќе започне со работилница каде што најпрво ќе се мапираат уништените и оштетените елементи на урбаната опрема, па ќе бидат обновени клупите, игралиштата, жардинерите, изјавија од тимот на КСП Центар - Јадро.

Од 27 до 29 септември ќе се одржи третото издание на „Маалски Фестивал“ којшто оваа година го носи мотото „Културата како јавно добро“. За време на фестивалот, во просториите на КСП „Центар – Јадро“ и во Мобилно – монтажната галерија во Парк на Франкофонија, ќе бидат изведени голем број на улични уметнички акции, а ќе биде одбележан и петгодишниот јубилеј од активирањето на КСП Центар Јадро.

Фестивалот на 27 септември ќе започне со работилница каде што најпрво ќе се мапираат уништените и оштетените елементи на урбаната опрема, па ќе бидат обновени клупите, игралиштата, жардиниерите, изјавија од тимот на КСП Центар – Јадро.

Официјалното отворање ќе биде вечерта во 20 часот изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, изложба која го претставува Центарот како приказна која се создава колективно.

По изложбата, во Парк на Франкофонија, официјалното фестивалско отворање ќе продолжи со колективно музичко опуштање. Најпрво ќе настапи дуото Букршлиев Томевски, по што ќе следува македонскиот бенд „Мојра“, а по нив со слободната музичка импровизација ќе се претстави квартетот Спировски/Новковски/Танасковски/Џорлев.

Фото: Маалски Фестивал