Свет Трет ден протести во Аргентина

Трет ден протести во Аргентина

Неколку десетици илјади граѓани вчера третпат излегоа на протест во Аргентина и ги блокираа патиштата во земјата.

Граѓаните протестираа против укинувањето на субвенциите, намалувањето на бројот на работните места и други мерки што ги воведоа владата и претседателот на државата, Маурисио Макри.

Претседателот Макри нагласи дека мерките се неопходни и мора да бидат воведени за да заживее економијата во земјата.

Организатори на протестите се аргентинските синдикати.