Свет Трамп: Односите со Русија се на опасно и најниско ниво, но јас...

Трамп: Односите со Русија се на опасно и најниско ниво, но јас не сум виновен

Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека односите меѓу САД и Русија се на „опасна и најниска точка во историјата“, но во свој стил се огради од одговорност.

Трамп на „Твитер“ напиша дека луѓето за таквата состојба треба да му заблагодарат на претставниците во Конгресот, „истите тие што не можат да им обезбедат здравствена заштита“.

Трамп, 24 часа пред овој твит, ја потпиша одлуката за воведување санкции кон Русија, но и со која предава дел од својата моќ на Конгресот, затоа што нема да може самоиницијативно да ги укине санкциите.

Од Русија веднаш порачаа дека односите со американската администрација се особено лоши, а рускиот премиер Дмитриј Медведев наведе дека „нема надеж да се поправат“.

Медведев рече дека Трамп и неговата администрација покажале „немоќ“, пренесувајќи овластувања на Конгресот.
Американскиот Конгрес со големо мнозинство усвои закон со кој се воведуваат санкции кон Русија, Иран и кон Северна Кореја, а Трамп, потпишувајќи го, оцени дека законот има „сериозни недостатоци“.


.