Хроника Тракторист од Липец загинал во несреќа

Тракторист од Липец загинал во несреќа

Управувајќи трактор, вчера претпладне 51-годишен жител на виничкото село Липец излетал од патот и загинал, соопшти СВР Штип.

Несреќата се случила во 9.40 часот, на локалниот пат од селото Липец до крстосницата со Р-1304 кон Виница. Според полицијата, трактористот М.П. починал веднаш.

Увид извршила екипа од полициската станица во Виница, а со согласност на јавен обвинител, телото на починатиот потоа е предадно на семејството за погреб.