Македонија Трајковски: Јанева за „Космос“ презентираше обвинувања и манипулации без докази

Трајковски: Јанева за „Космос“ презентираше обвинувања и манипулации без докази

Катица Јанева срамно и непрофесионално игнорираше десетици решенија, вештачења и судски пресуди во корист на Општина Гази Баба, кои јасно докажуваа дека објектот „Космос“ на Фијат Цаноски е дивоградба, рече градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, на денешната прес-конференција.

Според Трајковски, специјалната јавна обвинителка Јанева пред месец и половина во јавноста презентирала обвинувања и манипулации, без никаков доказ за дивоградбата „Космос“ и со тоа му го нарушила угледот.

– Без ниту еден доказ, чисто политичко обвинување и конструкција од која секој правник би се засрамил. Катица Јанева ги сокри сите факти и аргументи и отворено застана на ставот дека некои дивоградби мора да се третираат поинаку од другите. Селективност спроведена по налог на Зоран Заев. И покрај сите докази кои беа доставени од наша страна до СЈО, Катица Јанева, сепак, излезе на прес-конференција и одлучи мене и моите колеги да ни го наруши угледот преку пласирање лаги и клевети – рече Трајковски.

Во врска со барањето на СЈО да се спроведе мерка за претпазливост, Трајковски вели дека нема намера никаде да замине, особено кога е сигурен дека вистината е на негова страна.