Дописници Трајчевски: Радио Охрид не ги изврши обврските предвидени со закон

Трајчевски: Радио Охрид не ги изврши обврските предвидени со закон

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за одземање на дозволата за радиоемитување на ТРД „Радио Охрид“ ДОО Охрид, откако беа исполнети законските услови, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.

– Издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските предвидени со одредбите од Законот за медиуми – вели Трајчевски.

Тој додава дека претходно на радиото, поради повеќекратно недоставување податоци, му биле доставувани опомени и решение за изрекување мерка, а му биле дадени неколку рокови за усогласување на работењето.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на 13 и 15 јуни годинава извршила контролен административен надзор, за што бил подготвен писмен извештај.