fbpx
Таг: радио

таг: радио

Лани 11 радиодифузери помалку емитувале радио и телевизиска програма во земјава

За само една година бројот на радиодифузери што емитувале радио и телевизиска програма во земјава се намалил за 11 правни субјекти. Од вкупно 118 радиодифузери во 2018 година, лани во Македонија со радиодифузна дејност се занимавале 107 правни субјекти. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), 62 радиодифузери емитувале радиопрограма, додека 43 од нив емитувале телевизиска програма. Заедно со...

ААВМУ досега не регистрирала прекршувања на Изборниот законик при мониторингот на медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) на 17 февруари го започна предизборниот мониторинг на медиумите и во изминатиов период не констатирала прекршувања на Изборниот законик, се наведува во четвртиот неделен извештај што ААВМУ го достави до Државната изборна комисија (ДИК). Следењето на работата на медиумите ќе продолжи во претстојниот период, за што ААВМУ од владата доби 5.277.000...

„Антена 5“, „Канал 77“ и „Македонско радио“ лани биле најслушани

Најголем дел од македонските граѓани лани не биле заинтересирани за редовно следење на програмата на македонските радио станици, но забележително е дека овој традиционален медиум и понатаму е интересен за помладиот дел од популацијата. Според Годишниот извештај на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) за 2019 година, податоците за досегот на радиостаниците покажуваат дека најслушани радио станици на...

Анкета на ИРИ: Вести најмногу се гледаат на „Сител“, „Алсат-М“, ТВ 24, „Телма“ и на „Канал 5“

Големо мнозинство од македонските граѓани за политичките случувања во земјава се информираат преку телевизија, а најмалку преку радиото како медиуми, покажува последната анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ), спроведена од 4 до 21 август оваа година. Телевизијата како главен извор за политички вести ја посочиле 85 отсто од граѓаните, 39 проценти рекле дека за политичките случувања се информираат преку интернет...

Во ЗАМП се затечени – допрва ќе решат како ќе му возвратат на Министерството за култура

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) деновиве ќе донесе одлука како и дали ќе возвратат на решението од Министерството за култура, со кое македонската и српската музика се враќаат пред гледачите на телевизија и слушателите на радио. Претседателот на управниот одбор на ЗАМП, Григор Копров, не сакаше да ја коментира оваа одлука на Министерството за култура, пред органите...

Трајчевски: Радио Охрид не ги изврши обврските предвидени со закон

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги донесе одлука за одземање на дозволата за радиоемитување на ТРД „Радио Охрид“ ДОО Охрид, откако беа исполнети законските услови, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски. - Издавачот на медиум и во дополнителниот рок не ги изврши обврските предвидени со одредбите од Законот за медиуми – вели Трајчевски. Тој додава дека претходно на радиото, поради...

Израел затвори палестинско радио на Западниот Брег

Израелската војска денеска упадна во просториите на палестинската радио-стануица „Ал Хурија“ во Хеброн, на Западниот Брег и ја конфискуваше радио-опремата, објавија израелски извори. Во соопштението се додава дека спорната опрема, наводно. се користела за повикување на палестинското население на напади на Израелци. Војската преку ноќ ја згасна радио-станицата во Хеброн, обвинувајќи ја за поттикнување насилство. Израел тврди дека сегашната ескалација на насилствата,...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...