Македонија Трајановски очекува да биде изгласан тој што нуди нови проекти за Скопје

Трајановски очекува да биде изгласан тој што нуди нови проекти за Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, Коце Трајановски, денеска гласаше на избирачкото место 2489 во просториите на урбаната заедница Автокоманда.

„Имав задоволство денеска да го искористам своето гласачко право. Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на тие што имаат реализирано проекти и на тие што ветуваат и нудат нови проекти за подобро и поубаво Скопје“, изјави Трајановски.