Македонија Трајановски и Меџити ќе присуствуваат на акција за чистење во Чаир

Трајановски и Меџити ќе присуствуваат на акција за чистење во Чаир

Денеска, во 13 часот, на булевар Цветан Димов (во близина на супермаркетот „Веро“), градоначалниците на Град Скопје и на Општина Чаир, Коце Трајановски и Изет Меџити, ќе присуствуваат на акција за чистење што се спроведува во оваа општина.

По посетата на терен, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со урбаните и со месните заедници од Општина Чаир, како дел од единаесеттиот циклус посети на општините на Град Скопје и средби со претставниците на урбаните заедници.