Македонија Трајанов бара измени во Изборниот закон и една изборна единица

Трајанов бара измени во Изборниот закон и една изборна единица

Пратеникот од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, денеска поднесе предлог-закон за измена и за дополнување на Изборниот закон, со кој се предлага пропорционален изборен модел, а Република Македонија да биде една изборна единица, пренесува „Утрински“.

Со измените, според Трајанов, ќе се обезбеди парламентарен состав кој ќе биде реален одраз на волјата на граѓаните, ќе се стеснат можностиет за кршење на изборните правила, како и друг вид нерегуларности кои во своите извештаи ги нотираа ОБСЕ-ОДИХР.

– Доколку Македонија биде една изборна единица, повеќе партии ќе бидат застапени во Собранието, при што неминовно ќе биде потребна соработка и коалицирање при практицирање на власта, но, пред сè, ќе зајакне одговорноста во одлучувањето и владеење на правото – рекол Трајанов, пренесува „Утрински“.

Според Трајанов, цикличното запаѓање на државата во длабоки политички кризи, меѓу другото, се должи и на изборниот модел, со кој се обезбедува доминација на една политичка партија.