Култура Традиционална изложба по повод ослободувањето на Куманово

Традиционална изложба по повод ослободувањето на Куманово

Во Уметничката галерија во Куманово вчеравечер беше отворена 58. изложба „Кумановски ликовни уметници“ во чест на денот на ослободувањето на градот. Годинава на изложбата учествуваат 24 ликовни уметници со дела работени во различни ликовни техники.

Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, ја отвори изложбата, посочувајќи дека ова е годишен настан кој ги обединува ликовните уметници од градот.

Изложбата се реализира со поддршка на Министертвото за култура, во соработка со НУ Музеј и со Градоначалникот и Советот на Општина Куманово.