Свет Балкан Товарен брод доживеа несреќа во близина на турското пристаниште Самсун

Товарен брод доживеа несреќа во близина на турското пристаниште Самсун

Товарен брод, кој пловел под знамето на „Сент Китс и Невис“, доживеа несреќа недалеку од турското пристаниште Самсун во Црно Море, јави турската телевизија „Си-Ен-Ен Турк“.

Поради бурата што ја зафати областа, бродот „Галф рио“, кој пловеше од Украина, се наведнал на едната страна и во него почнала да навлегува вода. Лошото време и бурното море не им дозволуваат на спасувачките тимови да се доближат до бродот. Побарана е помош од воздух.

На палубата на бродот, долг 90 метри, има десет членови на екипажот. Бродот кој превезува соја, се наоѓа на околу 50 метри од брегот.

Акцијата за спасување е во тек.