Свет Торнадо ја погоди Луизијана

Торнадо ја погоди Луизијана

Илјадници лица останаа без струја, а повеќе куќи се оштетени од силното торнадо што го погоди источниот дел од американскиот град Њу Орлеанс.

Националната метеоролошка служба соопшти дека најмалку три торнада го погодиле југот на американската држава Луизијана.

Невремето се случило синоќа, а властите се обидуваат да ја проценат штета.

Локалните медиуми јавуваат дека има повредени, но властите сè уште не го потврдиле точниот број.
Второ торнадо го погоди подрачјето кај градовите Доналдсонвил и Килијан. Невремето оштетило куќи, превртувало автомобили и корнело дрвја, јавува „Би-би-си“.

Во Њу Орлеанс оштетена е зградата на НАСА, а повеќе од 9.300 лица останале без струја.