Македонија Топол и сончев ден

Топол и сончев ден

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд повеќе во источните и југоисточните делови од земјава.

Температурата ќе се движи од 26 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.