Македонија Тодоров: СДСМ сака дијаспората да гласа, но да нема свој пратеник

Тодоров: СДСМ сака дијаспората да гласа, но да нема свој пратеник

Главниот проблем на работните групи на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино е инсистирањето на СДСМ дијаспората да нема свој пратеник во Собранието во Македонија, вели преговарачот на ВМРО-ДПМНЕ, министерот за здравство Никола Тодоров за „А1Он“.

– Тоа е прилично проблематично, особено поради фактот што изјавите се во смисла дека сепак тие се за дијаспората да гласа, но без да кажат дека сакаат дијаспората да нема свои пратеници. Таа поделба не е добра, особено што, еве слушаме и некои други аргументи од даночен или фискален аспект, треба да се земе предвид особено фактот што дијаспората учествува во БДП на Република Македонија со преку 18 проценти – вели Тодоров, притоа изразувајќи надеж дека СДСМ рационално ќе пристапи кон ова прашање.

Тодоров изјавил дека засега не се знае дали работните групи ќе имаат утре средба.