Македонија ТМРО бара ВМРО- ДПМНЕ да се произнесе за тврдењата на ДУИ за...

ТМРО бара ВМРО- ДПМНЕ да се произнесе за тврдењата на ДУИ за прифатената двојазичност

Лидерот на ТМРО, Ванчо Шехтански, денеска негираше дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила двојазичноста која е предвидена во платформата на албанските партии.

„Јавно дадените изјави на Али Ахмети и на Бујар Османи, дека Коалицијата за подобра Македонија ја прифатила платформата на албанските партии за редефинирање на државата со воведување двојазичност на цела територија е апсолутна невистина, а она што е јасен став на сите коалициони партнери од сите етнички заедници е отфрлање во целост на оваа антимакедонска платформа“, вели во писмената реакција Шехтански.

Тој исто така побараа ВМРО-ДПМНЕ јавно да се произнесе за тврдењата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и на портпаролот на ДУИ, Бујар Осамни.

„ТМРО како дел од Коалицијата за подобра Македонија, смета дека официјално треба да се произнесе и ВМРО- ДПМНЕ и отворено да каже дека заедничкиот став на Коалицијата за подобра Македонија е отфрлање на секаков вид уцени кои се однесуваат на унитарниот карактер на македонската држава“, истакна претседателот на ТМРО, Ванчо Шехтански.