Дописници Тежок велигденски ден за Итната помош во Битола

Тежок велигденски ден за Итната помош во Битола

Тежок велигденски ден поминале лекарите од Итната медицинска помош во Битола. Како ретко кога досега, амбулантата била преполна со пацинети. Граѓaните се жалеле на висок крвен притисок, главоболки, колабирањe, биле донесени паценти со мозочни удари, а денот бил фатален и за неколкумина битолчани.

Средовечен битолчанец вчера починал на новите светонеделски гробишта додека палел свеќа на гробот на свој близок роднина, вели доктор Милутин Василев, лекар во Итната медицинска помош во Битола.

Лекарите накусо велат дека вчерашниот ден го поминале како боси низ трње.

– Многу тежок велигденски ден поминавме вчера. Работа имавме и во амабулантата и на терен. Едноставно луѓето паѓаа од висок крвен притисок, за жал имавме и смртни случаи. Пациенти со масивни мозочи удари, за кои иако се обидовме да ги реанимираме, беше попусто – вели лекарот Василев.

Итната медицинска помош во Битола уште од утрото на Велигден се наполнила со пациенти кога четириесетина граѓани речиси истовремено дошле да ја примат редовната терапија.

Лекарите велат дека промената на времето, масната и изобилна храна, како и алкохолот во најголем дел од случаите биле причина за влошување на здравствена состојба кај битолчани.

А.Б.