Македонија Тетовскиот универзитет прослави 20 години постоење

Тетовскиот универзитет прослави 20 години постоење

Државниот универзитет во Тетово денеска прослави 20 години постоење. На  свечената академија по овој повод присуствувал и Абдилаќим Адеми, министерот за образование.

– Денеска Државниот универзитет во Тетово има тенденција да биде универзитет на сите млади луѓе од Македонија и е отворен за сите студенти што сакаат да студираат. Бројот на студентите кои се решени да студираат на овој Универзитет постојано се зголемува, во однос на бројот на студентите кои се запишуваат во други универзитети во земјата – истакна Адеми, додавајќи дека еден од индикаторите кои го потврдуваат неговиот развој е фокусот кон европските универзитетски стандарди.

Адеми додаде дека заслугите за успешно работење им припаѓаат на раководствата на ДУТ, но и на Министерството за образование и наука кое за потребите на универзитетот има дадено свој придонес.

– Ние веруваме дека овој успешен тренд и во иднина ќе биде фаворизиран уште повеќе од раководителите на универзитетот, а Министерството за образование и наука ќе продолжи со поддршка на финансиски, кадровски и на просторни барања на универзитетот –  додаде Адеми.