Дописници „Тетово во хаос“ e мотото на протестот најавен за петок

„Тетово во хаос“ e мотото на протестот најавен за петок

„Тетово во хаос“ е мотото на протестот во организација на ПДП, кој ќе биде поддржан од опозициските партии од албанскиот и од македонскиот политички блок, еколошките организации и Студентскиот парламент од Државниот универзитет во Тетово.

На протестот засега свое учество најавија претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

Ќе се протестира за загадувањето во Тетово, проблемот со водоснабдувањето и за лошата урбанизација, која градот го остави без зеленило, затрупан во бетон и во асфалт.

Протестот ќе почне во 13.30 часот со марш од градскиот плоштад до зградата на локалната самоуправа, каде ќе се одржат неколку говори.