Македонија Тетовци истурија отпад пред Општината и побараа оставка од Арифи

Тетовци истурија отпад пред Општината и побараа оставка од Арифи

Протестот на тетовци за чист воздух помина мирно, а граѓаните побaраа оставка од градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Тие истурија отпад пред зградата на Општината и извикуваа „Сакаме да дишеме“ и „Еве ви го отпадот“.

Граѓаните најпрво се собраа на плоштадот, а од таму се упатија кон зградата на Општината.

Тие денеска се жалеа на неподнослива миризба која се чувствуваше во градот, откако синоќа беше изгаснат пожарот на депонијата.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, најави дека расчистувањето на тетовската депонија ќе почне утре.