Македонија Тешко повредената девојка со ампутирана нога, е 16. жртва на автобуската несреќа...

Тешко повредената девојка со ампутирана нога, е 16. жртва на автобуската несреќа кај Ласкарци

Девојката која беше тешко повредена како последица на автобуската сообраќајна несреќа кај Ласкарци и чија што нога ѝ беше ампутирана, и подлегнала денеска на повредите.

„Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата“, изјави раководителката на КАРИЛ, Маја Мојсова Мијовска.

Таа е 16-та жртва на автобуската несреќа која се случи на 13 февруари, кога автобус на „Дурмо турс“ излета од автопатот и падна во атарот на селото Ласкарци.

Сопственикот на компанијата „Дурмо турс“ како и возачот на автобусот се во притвор, бидејќи истрагата утврдила дека причини за несреќата биле неисправните сопирачки и неприлагодената брзина.