Македонија Тешка сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен, загина мотоциклист

Тешка сообраќајка на магистралниот пат Охрид-Ресен, загина мотоциклист

Возачот возел со поголема брзина, изгубил контрола над мотоциклот марка „сузуки“ без регистарски таблички и удрил во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, што се движел на истиот пат

Фото: Rico Löb from Pixabay

Во сообраќајна несреќа којашто се случила вчера околу 20 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, на раскрсницата со локалниот пат за селото Куратица, загина мотоциклист што управувал мотор крос, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Возачот возел со поголема брзина, изгубил контрола над мотоциклот марка „сузуки“ без регистарски таблички и удрил во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, што се движел на истиот пат.

При судирот, 23-годишниот мотоциклист П.Т. од битолското село Горно Оризари загинал на лице место. Возачот на автобусот, пак, е приведен.

Сообраќајкот на магистралниот пат беше во прекин, а повторно беше нормализиран вечерта околу 22 часот и 15 минути.