Македонија Тематски форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ на 16 октомври

Тематски форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ на 16 октомври

На настанот ќе бидат претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година и ќе се дискутираат добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа

Вклучена заедница за отпорност на корупција, Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21 организираат тематски форум „Вклучена заедница за отпорност на корупција“ на 16 октомври.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик со присуство од 40 учесници во Граѓански ресурсен центар (Скопје) и со обезбеден пренос во живо преку фејсбук страницата на Фондација Метаморфозис.

На форумот ќе бидат претставени резултатите од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2024 година и ќе се дискутираат добрите практики и предизвиците за потранспарентна локална самоуправа.

Дополнително, ќе бидат дискутирани придобивките од дигитални технологии во зголемување на транспарентноста на локалната самоуправа и учеството на граѓаните во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, преку дигиталната алатка мЗаедница.

Сите заинтересирани за учество на настанот треба да се регистрираат на линкот.  

За учесниците кои доаѓаат надвор од Скопје ќе бидат подмирени патни трошоци во висина на повратен автобуски билет со задолжително доставување на оригиналната патна документација.

Повеќе информации за форумот можете да најдете тука.