Македонија Технолошки форум за чиста вода за пиење и за прочистување на отпадните...

Технолошки форум за чиста вода за пиење и за прочистување на отпадните води

Под мотото „Моќта на чистите води“, Ротари клуб Скопје – Интернационал, ќе го организира вториот технолошки форум, кој ќе се одржи на утре со почеток во 18 часот, во хотелот „ТЦЦ Гранд плаза“ во Скопје.

На вториот технолошки форум ќе бидат опфатени повеќе аспекти, како што се „Одржлива вода за пиење и обезбедување услуги за почистување на отпадни води во Македонија“, „Здравстени аспекти на водата“, „Алтернативни извори за водоснабдување на Градот Скопје“ и „Управување со води во Македонија“, а ќе бидат споделени и искуства за прочистување вода во други земји.

Чистата вода за пиење и прочисутвањето на отпадните води станува една од главните глобални теми кои се од стратешко значење за идниот развој.

– Оттука стратешкиот пристап и навременото зачувување на ресурсите се од клучно значење, тргнувајќи од локално, па до глобално ниво – велат организаторите.