Култура Театарски маратон по повод годишнината од новиот објект на МНТ

Театарски маратон по повод годишнината од новиот објект на МНТ

Македонскиот народен театар денеска по повод првата годишнина од отворањето на новиот објект и првата премиера, организира целодневен театарски маратон.

Маратонот почнува во 11 часот, со претставата „Госпоѓа министерка“, по која во 14 часот ќе биде изведена „Сомнително лице“. Во 16 часот ќе се одигра претставата „Свадбата на Фигаро“, додека во 18 часот „Изгубени Германци“.

Во рамките на маратонот се предвидени поетска вечер посветена на Блаже Конески, првиот драматург во МНТ, која ќе почне во 18:30 часот, како и промоција на печатеното издание на драмата „Вечната куќа“ и „Чај за двајца – Гостин Јордан Плевнеш“ во 20:15 часот.

Центарален дел од маратонот ќе биде големиот концерт „МНТ и пријателите“, со почеток во 21:30 часот, на кој ќе учествуваат актерите од ансамблот на МНТ и актери гости од другите театри.