Култура Театар „Комедија“ се приклучи на акцијата „Мувембер“

Театар „Комедија“ се приклучи на акцијата „Мувембер“

Претставата „Чувството на брадата“ за денешната изведба ќе се преименува во „Чувството на мустаците“

Театар „Комедија“ се приклучува на акција за подигнување на свеста за машкото здравје, „Мувембер“, со тоа што претставата „Чувството на брадата“ за денешната изведба ќе се преименува во „Чувството на мустаците“.

Педесет проценти од заработувачката на претставата ќе одат во прилог за „Мувембер“.

– За публиката ќе бидат обезбедени и симболични подароци затоа што и овој чин за подигнување на свеста и за собирање средства е со цел подобрување на здравјето кај мажите. Земете оружје (билет) на билетарницата на Театар „Комедија“ и дојдете на ултимативната битка против сите напаѓачи на машкото здравје – велат од Театар „Комедија“.