Хроника Татко и син во мини-работилница произведувале дрога

Татко и син во мини-работилница произведувале дрога

Синоќа, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи – Куманово, по предходно добиени оперативни сознанија дека татко и син се занимаваат со производство и со недозволена дрговија со дрога, по издадена наредба од Основен суд Куманово, извршиле претрес на дом и на други простории во село Табановце, Куманово, сопственост на Љ.Ј. (65).

По извршениот претрес, во дворот се пронајдени и одземени вкупно 71 стебло од растението канабис сатива, околу четири килограми наркотична дрога марихуана, едно кутивче со семки од растението канабис сатива, една воздушна пушка и еден куршум. Исто така, одземени се и предмети (црево, туби, мотика) кои се користени за одгледување на растенијата и за обработка.

По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава против Љ.Ј. (65) и неговиот син Б.Ј. (30), двајцата од Табановце и тие ќе бидат спроведени во ОЈО Куманово.

Инаку Б.Ј. е познат сторител на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога за што му се поднесувани кривични пријави и има издржувано казна затвор, додека на Љ.Б. му се поднесувани кривични пријави за загрозување со опасно орудие при тепачка или караница и за измама, за што има издржувано затворска казна.