Хроника Татко го пријавил 18-годишниот син за исчезнат

Татко го пријавил 18-годишниот син за исчезнат

Осумнаесетгодишниот С.Н. од скопското село Идризово, вчеравечер бил пријавен за исчезнат во полициската станица Гази Баба.

Според полицијата, случајот, околу 22 часот, го пријавил неговиот татко Р.Н. (49). Момчето последен пат било видено во саботата, кога се оддалечило од својот дом во непознат правец.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на момчето.