Свет Талибанци го урнале хеликоптерот со дипломати во Пакистан

Талибанци го урнале хеликоптерот со дипломати во Пакистан

Талибанците ја презедоа одговорноста за уривањето на хеликоптерот во Пакистан, при што шест лица загинаа, а 13 се повредени, јавуваат светските медиуми.

Портпаролот на талибанците, Мухамед Корошани, во електронската порака соопштил дека хеликоптерот е урнат со рачен минофрлач.

Се претпоставува дека талибанците сакале да го урнат хеликоптерот на пакистанскиот премиер Навиз Шараф, но тој се наоѓал во друго летало.

Во соборениот хеликоптер, загинаа амбасадорот на Норвешка, Леиф Ларсен, филипинскиот амбасадор, Доминго Лусенсарио Помладиот, сопругите на амбасадорите на Малезија и на Индонезија, како и двајцата пилоти. Во несреќата повредени се холандскиот амбасадор Марсел де Винк и полскиот амбасадор Андржеј Ананиц.