Македонија Тачи: Меѓунационалните односи ќе се влошат во 2015 година

Тачи: Меѓунационалните односи ќе се влошат во 2015 година

Лидерот на ДПА денеска изјави дека е песимист  за 2015 година.

– Очекувам дека ќе се продлабочи економската ситуација и дека ќе се влошат меѓунационалните односи. Ќе стане посилна блокадата кон ЕУ и кон НАТО. За Македонија не гледам ниту еден сигнал дека меѓународната заедница сака нешто да промени. Очекувам дека во 2015 година ДПА ќе зајакне многу и дека ќе се врати како најголема партија на Албанците. Јас ги уверувам луѓето дека ќе знам да ја раководам партијата кон целите на Албанците – истакна Тачи.