Подглавна секција СВР Охрид со соопштение за смртта на Алекс Салмонд: Му се слошило...

СВР Охрид со соопштение за смртта на Алекс Салмонд: Му се слошило и починал на место

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во краткото соопштение

Фото: Претседателски кабинет

Дваесет и четири часа по настанот, полицијата од Охрид излезе со официјално соопштени во врска со вчерашната трагедија во која животот го загуби поранешниот Прв министер на Шкотска, Алекс Салмонд.

Полицијата и официјално потврди дека вчера (12 октомври 2024 г.) било пријавено дека во хотел во Охрид, за време на одржување на Школата за млади лидери на екс-претседателот Ѓорѓе Иванов, на 69-годишниот Алекс Салмонд од Шкотска „му се слошило и починал на местото“.

„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во краткото соопштение од Министерството за внатрешни работи.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази сочувство по смртта на Алекс Салмонд во Охрид

Поранешниот прв министер на Шкотска Алекс Салмонд почина ненадејно во Охрид