Македонија Свлечиште на патот Куманово – Крива Паланка

Свлечиште на патот Куманово – Крива Паланка

Кај селото Страцин на патниот правец Куманово – Крива Паланка, свлечиште ја затвори едната лента од патот.

Екипите на јавното претпријатие „Македонија пат“ работат на расчистување на патот и на нормализирање на сообраќајот.

Авто-мото сојузот на Македонија препорачува внимателно возење и следење на поставената сообраќајна сигнализација.

Претходно, АМСМ информираше дека сообраќајот е во прекин на патот Кочани – Делчево поради одрон, а како алтернатива на возачите им се препорачува да го користат патот Виница – Смојмирово – Делчево.

Од 17 часот вчера во прекин е и патот од селото Долни Полог – Облешево пред Кочанска Река поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.

Одрони има на патот Берово – Виница и таму сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента, а на виничката раскрсница меѓу селата Истибања и Калиманци, сообраќајот е блокиран во двата правци и се пренасочува преку Виница.