Македонија Светските медиуми за антивладините протести во Македонија

Светските медиуми за антивладините протести во Македонија

„Македонските демонстранти бараат оставка на Владата, судири со полицијата“, „Најмалку 19 повредени на антивладините протести во Македонија“, „ Полицијата се судри со македонски демонстранти за време на антивладината криза“ се само дел од насловите што осамнаа во странските медиуми, кои пренесуваат информации на „Асошиејтед прес“, АФП и на „Ројтерс“.

Странските медиуми наведуваат дека 19 лица се повредени во насилните протестите што почнале по вчерашното објавување на „бомбата“ на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која укажува дека високи владини претставници се обиделе да го прикријат убиството на 22-годишниот Мартин Нешковски.

Во текстовите се наведува дека политичката криза трае од јануари, откако власта покрена обвинение против Зоран Заев и против уште четири лица за шпионажа и за насилство врз владини претставници.