Македонија Светски ден на хроничната опструктивна белодробна болест

Светски ден на хроничната опструктивна белодробна болест

Хроничната опструктивна белодробна болест

Под мотото „Не е предоцна“, денеска Институтот за белодробни заболувања и туберколоза ќе го одбележи Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест.

За таа цел, ќе бидат организирани бесплатни превентивни прегледи преку тестови за мерење на функцијата на белите дробови и ќе се делат пропагандни материјали.

Хроничната опструктивна белодробна болест е една од најчестите болести со смртен исход. Се карактеризира со ограничен протек на воздух низ дишните патишта.

Во светот околу 50 милиони лица боледуваат од ХОББ, а секоја година околу три милиони умираат од оваа болест. Според податоците на Светска банка, денес ХОББ е трета водечка причина за смрт во светот, веднаш по срцевиот и по мозочниот удар.