Економија Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,5 проценти

Светска банка предвидува пораст на економијата од 3,5 проценти

Според најновите проекции на Светска банка, македонската економија ќе има пораст од 3,5 проценти оваа година. За следната се предвидуваат 3,8, а во 2017 година порастот ќе достигне 4 проценти.

Во најновиот извештај „Глобални економски перспективи“, се наведува дека Македонија во изминатите години покажа подобри економски перформанси од соседите, благодарение на директните странски инвестиции во слободните економски зони и стимулациите од државата.

Се укажува дека зголемениот јавен долг ќе го ограничи просторот за фискална поддршка на економскиот пораст и дека банкарските системи на сите земји во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, остануваат ранливи поради можното негативно влијание од кризата на грчките банки кои имаат свој удел во банките во државите од регионот.

Проекциите на Народната банката на РМ за годинава се за пораст од 4,1 отсто.