Македонија Свеченост по повод Денот на независноста под мотото: „Заедно се бориме, заедно...

Свеченост по повод Денот на независноста под мотото: „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“

„На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски“, соопшти Владата

фото: Влада на РСМ

Владата на Република Северна Македонија соопшти дека по повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе организира свечена програма под слоганот „Заедно се бориме, заедно ќе успееме!“.

Како што соопштија оттаму, свечената академија ќе се одржи во Македонската филхармонија во Скопје на 08.09.2024 година (недела), во 13:00 часот.

„Свеченоста ќе започне со изведба на македонската химна од страна на детски хор, по што ќе биде прикажан видео спотот „Везилка“ која вклучува оригинална изведба на песната од Блаже Конески. Програмата ќе продолжи со изведби на дела од македонски автори поврзани со оваа тематика од страна на државниот џез оркестар“, велат од Владата.

Тие додаваат дека во рамките на свеченоста ќе биде прикажан и специјално подготвен пригоден видео спот од прославата на независноста кое вклучува архивски материјали од Референдумот во 1991 година.

„На крајот од свечената програма, со говор ќе се обрати Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски“, соопшти Владата.