Македонија Сугарески ќе бара решение за проблемите во железничкиот сообраќај

Сугарески ќе бара решение за проблемите во железничкиот сообраќај

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска се сретнал со претставници на Синдикатот на машинскиот персонал при „МЖ Транспорт“, како и со генералниот директор на компанијата, при што разговарале за прекинот со работа на дел од вработените.

На средбата се разговарало за доцнењето на платите, како и за другите барања на синдикатот.

„Министерот Сугарески изрази огромно разбирање за настанатите ситуации во компанијата и најави дека во најкратко време ќе се разгледаат сите законски можности за решавање на проблемите, како и за долгорочно решавање на состојбите во железничкиот сообраќај во Република Македонија“, соопшти Министерството за транспорт и врски.

Домашниот патнички и товарен железнички сообраќај од изутринава се одвива редуцирано поради прекинот со работа на машинскиот персонал во „Македонски железници Транспорт“ – АД Скопје.