Македонија Судската администрација продолжува со штрајкот

Судската администрација продолжува со штрајкот

Судските административци и вработените во органите на управата, денеска продолжија со тридневниот штрајк.

Тие бараат промена на законот со кој судската администрација ќе се оддели од државата и кој ќе овозможи правичен напредок во кариерата, зголемување на платите за 5 отсто и враќање на старото работно време од 7.30 до 15.30 часот.

Штрајкот ќе биде финализиран со утрешните протести, кои ќе почнат пред Собранието, ќе продолжат пред министерствата за правда и за информатичко општество и администрација и ќе завршат пред Владата.